Отворена фабрика на „Гришко“ за балетанки

Bez autora
Mar 04 2013

Во демирхисарско село Слепче во саботата беше отворена фабрика за изработка на балетски обувки, како дел од реномираната руска компанија „Гришко“. Станува збор за гринфилд-инвестиција, во која во првата фаза треба да се вработат 80 лица. Според премиерот Никола Груевски, „Гришко“ ја одбрала Македонија за своја нова фабрика благодарение на владините роуд-шоуа и одличните можности за инвестирање. Тој најави дека во наредната фаза од оваа инвестиција е планирано да се отвори и втората фабрика во Демир Хисар, која ќе вработи уште 200 лица, а ќе биде сместена во поранешната болничка женска зграда. Сопственикот на компанијата, Николај Гришко, посочи дека клучно за да ја донесе одлуката да инвестира во земјава била енергијата и искреноста, како и чесноста на премиерот и неговиот тим при нивната средба во Москва лани во јуни.

Отворена фабрика на „Гришко“ за балетанкиВо демирхисарско село Слепче во саботата беше отворена фабрика за изработка на балетски обувки, како дел од реномираната руска компанија „Гришко“. Станува збор за гринфилд-инвестиција, во која во првата фаза треба да се вработат 80 лица.

Според премиерот Никола Груевски, „Гришко“ ја одбрала Македонија за своја нова фабрика благодарение на владините роуд-шоуа и одличните можности за инвестирање. Тој најави дека во наредната фаза од оваа инвестиција е планирано да се отвори и втората фабрика во Демир Хисар, која ќе вработи уште 200 лица, а ќе биде сместена во поранешната болничка женска зграда. „Од особено значење е и фактот што компанијата планира да ангажира и лица со физичка попреченост, за што би сакал искрено да им честитам“, рече Груевски. Според него, оваа инвестиција ќе го заживее регионот.

Сопственикот на компанијата, Николај Гришко, посочи дека клучно за да ја донесе одлуката да инвестира во земјава била енергијата и искреноста, како и чесноста на премиерот и неговиот тим при нивната средба во Москва лани во јуни. „Од денес јас сум Македонец, жител на оваа прекрасна земја. Корупцијата и криминалот се отсутни во оваа земја, не верував дека такво нешто може да постои“, рече Гришко.

Рускиот амбасадор во Македонија, Олек Николаевич Чербак, рече дека со оваа инвестиција се зголемува обемот на руски директни инвестиции во земјава, кои моментно изнесуваат 400 милиони долари.

Министерот за привлекување странски инвестиции, Бил Павлевски, кој ја водеше оваа инвестиција, подвлече дека „Гришко“ поседува пет фабрики, а производството го пласира во 70 земји во светот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik